ПРОИЗВОДИ

Производство на противпожарни апарати со традиција од 1930 година со загарантиран
квалитет и врвна заштита. Оригинални резервни делови за ПП апарати кои гарантираат
максимална ефикасност при користењето и комплетна хидрантска опрема од повеќе
различни производители.

Австриски производител на хидрантски и професионални црева, тестирани и сертифицирани
по стандардот DIN 14 811 со отпорност на UV и озонско зрачење.

Во потрага по колекција за современа и модерна работна облека го создадовме брендот АРМОР ПЛУС
кој е инспириран од современиот начин на живот и менување на условите за заштита при работа.
АРМОР ПЛУС е нова модерна колекција создадена со долгогодишно искуство и современи ткаенини
од најдобрите светски добавувачи, со крој кој носи возбуда и претставителност на работното место.

Бренд со искуство и врвни производи на лични заштитни средства со асортиман над 8000 производи
и традиција на нашиот пазар повеќе од 20 години. Производител кој ги покрива сите сегменти на
лична заштитна опрема од сопствено производство.

Производител на обувки со високи перформанси според Европски стандарди кој гарантира врвен
квалитет и максимална безбедност при работа. Посветеноста кон истражувањето и тесната соработка
со престижни технолошки институти, докажуваат зошто FAL SEGURIDAD е константен иноватор во
производниот процес на првокласни професионални обувки во сите сектори, вклучувајќи ги и оние
сектори со најголем ризик – обувки за воена индустрија, обувки за пожарникари, полиција.

Овој европски производител на заштитни чевли, користејки ја технологијата и запазувајки ја удобноста,
создава производи кои обезбедуваат целосна заштита во сите работни услови од сите присутни опасности.
Главната цел е цел максимална безбедност на корисниците.

Белгиска компанија со огромен спектар на заштитна облека, особено за специфични дејности,
специјални барања за различни ткаенини и за различни намени. Асортиманот што го нуди покрива
различни нивоа на заштита во специјални услови.

Овој италијански производител нуди комплетни решенија кога станува збор за безбедноста при работа,
опфаќајки ги сите аспекти на опремата за лична заштита, со посебен акцент на работната облека.
SIR SAFETY своите производи ги извезува во преку 30 земји низ светот и пружа заштита за било
каква работна активност од било каков тип на ризик.

Делта Плус Системи се посветени во обезбедувањето на сигурен и удобен систем за заштита од пад и безбедноста на
височина. Основни активности се производство, продажба и инсталирање на безбедносни решенија
против падови од висина: lifeline, прицврстување (анкерирање), rail systems, guardrails по
национални и интернационални стандарди. Професионалниот тим кој работи на оваа специфична
програма нуди комплетен пакет безбедносни решенија, од проект до крајна реализација.

Хидраулична опрема и системски решенија се користат главно за спасување, специјални тактики и
индустриски потреби низ целиот свет. Овие видови работни задачи бараат сигурен и безбеден алат
во сите околности.

Интернационален лидер во производството на безбедносни технолошки решенија. Производител на
различни видови детектори за гасови и дишни апарати со широка примена во нафтената, хемиската,
прехранбената индустрија, рударството и пожарникарството. Името на оваа компанија е синоним за
добро познатите алкотестери за потребите на полициските сили и приватните компании низ целиот свет.

Kомпанија специјализирана за производство на висококвалитетни заштитни шлемови наменети за
службите за спасување и пожарникарство.

Иновативна компанија која произведува специјални пумпи со висок капацитет и модули за дистрибуција
на вода во големи количини во случај на елементарни непогоди.

Врвна професионална нуркачка опрема персонализирана во сите аспекти на нуркањето – од рекреативно,
научно до спасувачко.

Компанија која произведува врвни ракавици со комбинирање на традиционалните занаети и врвната
технологија. Во својата програма нуди ракавици за пожарникари, спасувачи, армија и полиција,
лов и модна линија.

Обезбедува привремена и фиксна инсталација на пумпи и апликации за пумпи без оглед дали е
планирано или е за итни случаи во рударството и каменоломите, комуналните претпријатија и
компаниите за отпадни води, градежништвото, нафта и гас, земјоделство, индустрија и енергетика.

На своите клиенти нуди широк спектар производи кои даваат максимална сигурност за оние кои го
посветуваат својот живот на гасење и спречување на шумски пожари. Континуираната иновативност
е со цел подобрување на алатките за борба против шумските пожари и развивање подобра и
поефикасна технологија.

Водечки светски снабдувач на иновативни производи и системи за заштита од поплави и спречување
на поплави – минимизирајќи ги погубните последици од поплавите, а со тоа и подобрување на
животната средина и квалитетот на животот за милиони луѓе.

АРМОР ПЛУС Скопје нуди услуги и сервис:
• Обуки за користење и одржување и правилен избор на опремата за работа на висина,
како и годишен контролен преглед на истата;
• Овластен сервис на специјален хидрауличен алат за спасување од сообраќајни незгоди
овластен од страна на HOLMATRO;
• Обуки за користење, одржување и сервисирање на дишни апарати од производителот DRÄGЕR,
инспекција, калибрација и сервис на гас детектори, алкотестери и дрога тестери од овој производител;
• Едукација за правилен избор, користење и одржување на личните заштитни средства;
• Семинари, презентации и едукативни патувања;
Континуирана работа во поглед на едукацијата на своите вработени и клиентите во сите области, во
форма на семинари, саеми, обуки, презентации и консултации за потребите на купувачите.

Иновативен производител на обувки кој е во тесна соработка
со INESCOP, GORE-TEX, VIBRAM и BOA, при што гарантира максимален квалитет
и безбедност за планинарење, лов и комерцијални обувки.

ПАРТНЕРИ

АРМОР ПЛУС ДОО е овластен партнер на голем број врвни производители

македонски