ЗА НАС

Компанијата АРМОР ПЛУС е основана 2002 година во Скопје управувана од тим која со своите иновативни и креативни решенија стана еден од водечките специјалисти за работна облека и опрема за лична заштита. Почетоците на компанијата беа со поголем акцент на поединецот, производство и трговија со лична заштитна опрема, со што ги дефиниравме стандардите на пазарот.

Во 2010 година компанијата стана дел од PASTOR GROUP со што се отвори нова перспектива во областа на противпожарните услуги и производи, опрема и решенија за зголемена сигурност, спасување животи, имот и околина.

 

ВИЗИЈА И МИСИЈА

ЛУЃЕТО СЕ НАЈВАЖЕН РЕСУРС -Тоа е двигателот и филозофијата на нашата компанија. Благодарение на тој пристап нашата компанија е во улога на лидер во секторот за безбедност и заштита при работа.
Мисијата која ја следиме е да се подобрат условите и животот на сите оние на кои секојдневната работа е тешка, непопуларна, опасна и со големи ризици.
Ова е цел на АРМОР ПЛУС и начин на кој компанијата донела одлука да придонесе за иднината, бидејки иднина на светот е да има подобри услови за сите.

ЗАШТИТА СПОРЕД СИТЕ СТАНДАРДИ

certificate

ISO 9001

certificate

ISO 14001

certificate

ISO 45001

македонски