Услови за користење

 

Армор Плус ДОО – Скопје ги објавува информациите и документите или другите писмени материјали на својата интернет страница само за информативни цели. Содржината на страниците на овој веб-сајт е за ваше општо информирање и употреба. Тоа е предмет на промена без најава.

Армор Плус ДОО го задржува правото да испрати пораки и известувања до купувачите во врска со новите услуги, промоции, или други поврзани услови и правила на постоечките услуги.

Сите активности кои се предмет на правото на трговски знак и сите права (вклучувајќи ги тука и етичките права) поврзани со овој вид на активности се задржани.

Армор Плус ДОО го задржува правото да ги менува или трансформира своите интернет страници во било кое време. Исто така, Армор Плус ДОО може да го ограничи или да го прекине пристапот до нив. Армор Плус ДОО не гарантира непрекинат или безгрешен пристап до страниците. Компанијата категорично отфрла било какви штети и/или загуби кои произлегуваат од неовластен пристап до почетната страница, информациите, документацијата или до другите писмени материјали кои се достапни на истите, несоодветна состојба на страницата за употреба, несоодветно функционирање, неправилности, било какви проблеми во функционирањето или нивна нејасност.

Содржината на интернет страниците на Армор Плус ДОО-Скопје треба да се толкува врз основа на оригиналните текстови, без промени. Може да се случи овие страници да се променат независно од волјата или надвор од контрола на Армор Плус ДОО-Скопје. Поради тоа, освен ако не е поинаку предвидено со закон, компанијата не презема никаква одговорност за точноста, веродостојноста, навременоста или содржината на информациите, документацијата или другите писмени материјали објавени на интернет страниците.

Се забранува употреба, репродукција, пренос, дистрибуција, трансформирање или зачувување на содржините на интернет страниците во било каква форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од Армор Плус ДОО. Неовластеното користење на овој веб-сајт може да доведе до барање за отштета и / или да биде кривично дело.

КУПУВАЧОТ СЕ СОГЛАСУВА СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА Армор Плус ДОО СО КЛИКАЊЕ НА СЕКОЈ ОБЈЕКТ, ЛИНК ИЛИ КОПЧЕ КОЕ СЕ НАОЃА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА И ДЕКА Е ЗАПОЗНАЕН СО ОВИЕ УСЛОВИ, ГИ ПРИФАЌА И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА.

македонски