Настанот кој го одбележа месец октомври!
Членовите на тимот Dräger и Армор Плус (како овластен застапник и сервисер на Dräger Safety портфолиото) на ден 01.10.2021 година, според COVID-19 протоколи
одржаа презентација во која беа демонстрирани вистинските решенија за секојдневните предизвици со кои се соочуваат пожарникарите и корисниците компании од индустријата.
На презентацијата беа промовирани новите модели и иновации кај дишните апарати, уреди за мобилна детекција на гасови, алкотестери, уреди за детекција на дрога и системи
за фиксна детекција на гасови.
Уредите беа тестирани на лице место повторно докажувајќи го исполнувањето на највисоките стандарди и квалитет, како и оправдувајќи ја довербата на нашите
долгогодишни корисници.