ARMOR PLUS ја отвори првата outlet продавница во Македонија посветена на лична заштитна опрема (PPE). Новата локација на ул. Трета македонска бригада бр. 48, Скопје, нуди директен пристап до сертифицирана заштитна опрема по поволни outlet цени, без компромис во квалитетот.
Продавницата е наменета за професионалци од различни сектори – градежништво, индустрија, пожарникарство – како и за индивидуални клиенти кои имаат потреба од сигурна заштита. Во понудата се вклучени: Работна облека и зимски јакни, Заштитни обувки, Шлемови и заштитни очила, Спортска опрема и додатоци, Стручна поддршка на лице место.
Овој нов Outlet концепт овозможува професионалната заштита да биде подостапна за поширок круг корисници – од работници во индустрија и градежништво до спортисти и поединци со високи стандарди за безбедност.
Со повеќе од 20 години присуство на македонскиот пазар, ARMOR PLUS е доверлив добавувач на професионална заштитна опрема и официјален застапник на светски познати брендови како што се Dräger, Pastor TVA, Vallfirest, Delta Plus, Fal, Giasco и други.
Отворањето на Outlet продавницата претставува уште еден чекор напред во мисијата на ARMOR PLUS –
„Безбедноста треба да биде достапна за секого.“
.