АРМОР ПЛУС ДОО Скопје е компанија која постои на пазарот во Република Северна Македонија 20 години и успешно ги имплементира и промовира сите светски технолошки новитети во областа на лична и колективна заштита.
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да не посетите на нашиот штанд на водечкиот светски саем INTERSCHUTZ 2022 во Hannover-Германија, каде ќе биде официјалната промоција на нашата колекција ARMOR PLUS FIRE, која е креирана, дизајнирана и создадена за прв пат во Македонија.
INTERSCHUTZ се одржува на секои 5 години, како единствен саем од таков капацитет и вид, светски водечки саем од областа на пожарникарството и спасувањето, цивилната заштита и сличните служби. Овој саем дава можност на сите од овој сектор кои работат во подобрувањето, развојот и иновациите од целиот свет да го покажат своето знаење во оваа област и да се претстават на светските пазари.
За прв пат во историјата, компанија од Република Северна Македонија ќе презентира свои производи на најпрестижниот светски саем за пожарникарство.
Нашата иновативна колекција ARMOR PLUS FIRE се состои од противпожарни одела за урбани и шумски пожари и облека за спасувачките и парамедик тимови. Особено сме горди што оваа колекција е пионер во областа на овој вид специјална облека во нашата држава, која по квалитет не заостанува зад светските производители, а е создадена во тесна соработка со вистинските оперативци-пожарникарите. Како доказ на тоа се сертификатите добиени од акредитирани лаборатории во ЕУ.
АРМОР ПЛУС како компанија е носител на ISO 9001, ISO 14001, ISO 45001, NATO CAGE CODE – потврден добавувач на Нато структура, а производите кои ќе бидат претставени на овој саем носат NSN код – артикли кои се евидентирани во Нато базите на артикли.
Доколку имате можност, ќе ни биде чест и задоволство да не посетите во Hannover, од 20-25.06.2022 година, на нашиот штанд А62 во хала број 13.